Сцената по торнадото во Италија предизвикува страв: Направи река од мраз (ВИДЕО)

Италија д беше погодена од торнадо, а на социјалните мрежи може да се видат застрашувачки снимки. Насилно невреме со екстремни појави како виор и „топки“ град поголеми од тениски топчиња, со пречник до 7-8 сантиметри, како и водени бомби го погодија северниот дел на Ломбардија и Венето. Во околината на Милано, во Серење, невреме пропратено со силен град ги поплави улиците и ги претвори во заледена река.

Кога невремето престана, неколку улици во центарот на градот беа исполнети со вода и мраз, како по обилни врнежи од снег.

Градоначалникот на Серење, Алберто Роси изјави дека локалната полиција, карабинерите, противпожарната бригада и цивилната заштита се ангажирани за да се санираат штетите предизвикани од невиденото невреме, пренесува „Кориере дела сера“.

- Ваквата состојба предизвика проблеми во сообраќајот, прекин на електричната енергија, а подвозниците се‘ уште се затворени. Од водата експлодираа и две трафостаници - изјави Роси.

Во североисточниот дел на Милано, пожарникарите изутрината извршиле околу 110 интервенции поради поплави и паднати дрвја. Особено лошо беше во Милано, каде жителите го следеа доаѓањето на торнадото


Фото и Видео: Твитер