Се чувствувате уморни после јадење: Ова се најчестите причини, а 2 навики се особено штетни за здравјето

Многу луѓе се чувствуваат „слабо“ после оброк. Тоа е сосема нормално и обично се случува после ручекот, бидејќи луѓето внесуваат повеќе храна отколку за време на другите оброци и брзо се враќаат на активностите.

Постојат неколку причини за ваквото чувство, а ние ги наведуваме најчестите.

* Јадете многу: Телото користи енергија за да ја вари храната. Колку повеќе јадете, толку повеќе ќе се чувствувате слабо.

* Време да се свари храната: потребни се околу два часа за да се свари оброкот, а обично луѓето се враќаат на активностите после ручекот, па трошат повеќе енергија.

* Брза и преработена храна: Масната, солена храна, со вештачки вкусови и бои, како сушено месо и брза храна, го оптоварува организмот со калории и нема многу хранливи материи. Затоа шеќерот во крвта се качува кога јадете, а потоа опаѓа набрзо. Тогаш се чувствувате уморни.

* Јадете премногу протеини: Живинското месо, млечните производи, јајцата, тестенините, белиот леб, оризот, пецивата имаат голема количина на триптофан. Станува збор за аминокиселина која го стимулира производството на серотонин, хормон кој, меѓу другото, опушта.

* Прескокнувате оброци: Кога јадете малку или прескокнувате оброци, телото нема доволно енергија за секојдневните активности, па побрзо се заморувате.

* Пиете кафе и алкохол: Кафето го подобрува расположението и ве буди, но голема количина предизвикува спротивен ефект - поспаност, бидејќи многу кофеин ја троши енергијата. Ако пиете алкохол додека јадете, може да бидете троми, бидејќи делува како седатив.

* Не вежбате: Можеби мислите дека вежбањето е заморно, но не е. Кога не сте физички активни, телото нема доволно енергија да ве држи будни и се чувствувате нерасположени и уморни.

Фото:фреепик