Се храни со нозете: Во ресторан дискриминирано дете без раце

Момчето Вилијам Банкрофт за прв пат отишло во ресторанот IHOP со своето семејство и бил многу возбуден. Малиот Вилијам е роден без раце и е навикнат да прави речиси се‘ со нозете, вклучително и да јаде со нив.

Вилијам бил пресреќен кога ги нарачал палачинките. Но, пред да има прилика да почне да ужива во нив, менаџерот на ресторанот го видел Вилијам како се обидува да го земе преливот со нозете и му пришол на семејството. Им кажал дека со постапките на момчето се загрозува здравствениот бонтон.

Мајката на Вилијам, Алексис морала да го напушти ресторанот со своето семејство и сега презема мерки против менаџерот на IHOP. Кога семејството ја напуштило масата, ветеран и две жени заминале заедно со нив во знак на поддршка.

Во ресторанот имало и бејзбол тим. Кога ги прашале децата од тимот дали ги измиле рацете, сите рекле не. Потоа, едно лице им дало шише со прелив за да го допрат за да му покажат поддршка на момчето без раце.

Алексис вели дека секогаш се грижи нејзиниот син да ги мие нозете пред да јаде, а тоа и сега не било исклучок. „Тоа е сè што тој знае“, рече таа. 

Запрепастената мајка го сподели своето искуство на Фејсбук и праша дали некој имал слично искуство.

Неколку келнери од споменатиот ресторан и испратиле порака да кажат дека се срамат од тоа што се случило.

„Само сакам да кажам колку се срамиме од тоа што му се случи на вашето дете. Јас и уште неколку келнери бевме шокирани од постапките на менаџерот“, напишал еден од вработените во ресторанот.

Мајката открила и дека ова е првпат нејзиното дете да биде дискриминирано поради начинот на кој мора да јаде.

Франшизата на IHOP потоа се извини и рече дека не толерира никаква дискриминација. Портпаролот на франшизата објасни дека менаџерот на ресторанот моментално е на одмор.


Извор: новиживот.нет