Се лечеше во три земји и добиваше закани: Дивна Карлеуша не зборуваше за тешката болест

Добивај вести на Viber

Дивна Карлеуша, долгогодишната новинарка и радио-водителка која почина вчера во 61. година од животот во Белград, три години се борела со канцер на белите дробови.

На Дивна ѝ се слошило вчера околу 12.30. Итно била повикана брза помош, која констатирала смрт. Водителката последниве три години се борела со рак на белите дробови, а освен терапиите кои ги примала во Србија, често патувала во Турција, Холандија и во Данска , каде што исто така се лечела. Во последно време, добро ја поднесувала терапијата, пишува „Блиц“.

Нејзината ќерка, пејачката Јелена Карлеуша, на сите начини се обидувала да ѝ помогне на мајка си, така што го финансирала лечењето во странство, пишува „Курир“. Додека Дивна почина, Јелена беше во Австрија, а пријателите веста ѝ ја соопштиле дури откако слетала во Белград. 

Фото: Рас, Србија 

Благодарејќи на својот моќен глас, Дивна Карлеуша стекнала армија обожаватели кои иако не знаеле како изгледа, често ѝ подготвувале изненадувања. Знаела да се шегува на своја сметка, а медиумите ја нарекуваа женскиот Минимакс. 

„Се шегував во програма на по малку машки начин, па почнаа да ме викаат женскиот Минимакс. Многу брзо станав популарна, добивав писма, но и љубовни песни, големи букети цвеќе. Понекогаш ми стигаа и заканувачки пораки кои ја плашеа целата редакција. Никој не знаеше како изгледам, но ме препознаваа по гласот“, изјавила Дивна во претходно интервју.