Се мажи помладата ќерка на Џеј: Марија Рамадановски ја исполни желбата на татко ѝ!

Добивај вести на Viber

Марија Рамадановски, помладата ќерка на починатиот пејач Џеј Рамадановски, на 20 мај се мажи за нејзиниот вереник Стефан Давидовиќ, пренесуваат медиумите.

Двајцата се заедно веќе извесно време и одлучија својата љубов да ја крунисаат со брак. Свеченоста ќе се одржи во ексклузивен ресторан на улицата Зрењанин. Меѓу гостите ќе има пријатели, семејството, како и колеги на таткото на Марија.

Сè е подготвено за свадбата. Двете семејства се среќни затоа што Марија и Стефан ќе се заколнат на вечна љубов и почит. Многу се сакаат, преслатки се заедно и ќе биде убава, бајковита свадба. Нејзиното момче е од убаво, домашно и угледно семејство.

Стефан ја запроси Марија на полноќ во 2023 година и таа среќна и задоволна се согласи да се омажи за него. 

- Само што се верив! Те сакам љубов моја најмногу на светот - напиша тогаш на социјалните мрежи и сподели фотографии од свршувачката. 

Нејзиниот иден сопруг не е јавна личност и избегнува да се појавува во медиумите. 

Од друга страна, ќерката на Џеј завршила школа за нега на убавина, во која ја поддржувал нејзиниот татко. Таа е успешна во својата професија и има шминкано многу познати личности, а има работено и во театар. Таа го има талентот на нејзиниот татко и добро пее, па реши да се испроба и во музиката.

-Што да кажам, знаете дека не зборувам многу за мојот приватен живот, но еве ја добрата вест - се мажам за човекот на мојот живот. Жал ми е што татко ми не го запозна Стефан. Многу сум среќна со него и мислам дека тоа е повеќе од доволно. Не се плашам од брак, веќе живееме заедно. Подготовките за венчавката се речиси завршени, полека ги финализираме нештата. Во моментов сум преокупирана со обврските околу песната „Кочи“ која ќе ја промовирам деновиве, а ќе ја пеам и на мојата свадба - изјави Марија.

Сестрата Ана е во брак со Адил

Постарата сестра на Марија, Ана со години е во брак со Адил Максутовиќ. Иако имаа турбулентен период, тие успеаја да ги надминат брачните проблеми и се целосно посветени еден на друг. Одлично функционираат и имаат две деца.


фото: инстаграм