„Се немало, а се одело по 20 дена на море со натоварена „Дијана“ и шатор“: Пеце Суперхикс со една фотографија евоцираше спомени од летување на Егејот

Добивај вести на Viber

Пеце Суперхикс со фотографија од детството ја разбуди носталгијата по летување какво што имале порано децата кои живееле и растеле во времето на Југославија.

„Спомени“, напиша Пеце.

Фронтменот на Суперхикс евоцираше спомени од едно летување во детските години кога со неговите родители биле на Егејско море.

<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fpetar.mladenovski.142%2Fposts%2Fpfbid05px45bDffLUXn1Z7uvYikwH2LYt38jHcWoomYiC6sGcd5DFd7kT6rqyTtgWHRTwAl&show_text=true&width=500" width="500" height="590" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share"></iframe>

„Да знаеш само колку се немало, а се идело по 20 дена. Натоварена Дијанана со шпагети, зејтин, чоколадни млека..шаторот и оп 20 дена нема мрдање! Убави времиња море...Во кампингот се плаќаше со пар патики адидас од СловенијаШпорт“, пишува Пеце во коментар.

Тој објаснува дека во тоа време на одмор се одело за многу помалку пари од денес, и се уживало подолго време.

„Мислам дека за 200 дојчмарки се тераа 20 дена. Ладно!“.

Судејќи од коментарите на Пеце, оваа локација има посебно место во неговото сеќавање.

„Со години го сонував местово. И пред да се роди Маша отидовме. Не издржав. И морам пак за скоро. Има нешто таму“.

Фото: Фејсбук