Се огласи дизајнерката со која раперот наводно ја измамил бремената Ријана: Амина ја откри својата страна од приказната

Добивај вести на Viber

Откако се проширија гласините дека Ријана раскинала со раперот, се огласи дизајнерката со која Асап Роки наводно ја изневерувал бремената пејачка...

Откако се појави веста дека раперот Асап Роки ја изневерил Ријана со дизајнерката Амина Муади, таа се огласи преку социјалните мрежи тврдејќи дека гласините се лажни, и дека не планирала да зборува по овој повод, но со оглед на тоа што работите отидоа предалеку,, морала да ги земе работите во свои раце.

„Отсекогаш сум верувала дека невтемелената лага која се шири на социјалните мрежи не заслужува никаков одговор или објаснување, особено доколку е волку подла. На почетокот претпоставував дека ова е лажно озборовување, измислено со лоша намера, дека нема да се сфати сериозно“ - вака ја започна својата објава на Инстаграм стори и додаде:

„Меѓутоа, во последните 24 часа се потсетив дека живееме во општество кое толку зборува за некои теми без оглед на фактичната основа и дека за ништо не постои граница. Дури ни она што би требало да биде еден од најубавите моменти во животот“ - напиша Муади мислејќи на бременоста на Ријана.

Амина додаде дека се огласила поради личностите кон кои има „голема почит и наклонетост“, додека Риајна и раперот засега не се огласуваат по тој повод.

За потсетување, новинар од Париз (@Louis_via_Roma) објави твит по кој започна лавината од коментари на социјалните мрежи, а во кој самиот изнесе тврдења дека бремената Ријана го оставила Асап Роки поради неверство.

фото: Принтскрин / Инстаграм