Се огласи крадецот кој ја ограби Ким Кардашијан и откри детали: „Не жалам, таа се расфрла со пари, богата е!“

Старлетата Ким Кардашијан долго време беше истрауматизирана поради овој немил настан во Париз, од 2016 година, а сега се појавија нови детали во јавноста.

Ким Кардашијан беше ограбена во 2016 година во престижен хотел во Париз, а сега за прв пат се огласи и крадецот Јунис Абас кој откри како се случило сето тоа.

Имено, Ким тогаш беше ѕвезда на модната недела во Париз, а откако се вратила во хотелот, одморала на кревет кога упаднале крадци и ѝ одзеле накит вреден 10 милиони долари.
По овој грабеж Јунис бил уапсен, а сега тој ги откри сите детали од упадот во хотелот, како и, како прво го онеспособиле рецепционерот. Откако помина 22 месеци во затвор, тој вели:

- Воопшто не жалам. Гледав едно од реалните шоуа кога нејзините дијаманти паднаа во морето. Богата е, не ѝ е грижа. Бидејќи таа се расфрла со пари наоколу, решив јас да ги соберам и толку - изјавил крадецот.

извор:pink.rs