Се омажи пред три години, но дури сега се пофали: Фотографии од венчавката на Анета Наковска

Добивај вести на Viber

Пред два дена Анета Наковска прослави три години брак, но дури сега одлучи фановите да ги почести со фотографии од венчавката.

- Денес е посебен ден, па ете мажу мој убав од сѐ срце ќе посакам Господ да не нѐ раздели, да останеме заедно во оваа љубов, хармонија и брачна среќа којашто ја имам. Ти благодарам што ме правиш толку среќна и што си токму таков, посебен и прекрасен - напиша познатата пејачка на социјалните мрежи.

Наковска со нејзиниот партнер, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога не се во Скопје, најчесто уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти. Во една прилика откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.