Се омажи Шијакоска за љубовта на нејзиниот живот, Едмонд: Невестата промени два фустани
Инфлуенсерката Александра Шијакоска се омажи за саканиот Едмонд по повеќе од 12 години врска.
Невестата судбоносното „ДА“ го кажа пред најблиските на мала забава во дворот на нивната куќа, која беше украсена во бело и подготвена во целост за мини прославата за нивната регистрација, но и за роденденот на Едмонд.
На фотките на Стори на Инстаграм кои ги сподели пријателката на Шијаковска, која исто така е инфлуенсерка Ангела Ѓоргиева може да се види дека Александра променила две тоалети. Првата со која застана пред матичарот и му кажа „ДА“ на саканиот беше долг фустан со интересен детаљ на деколтето, односно со голем бел цвет, а има и долг шлеп.
Додека другиот, е краток модел на фустан со реси, во кој очигледно можела да се движи полесно и да можела да танцува послободно.
Интересно е и тоа што и останатите присутни на регистрацијата и забавата беа облечени во бело.Фото: Инстаграм - Стори - Ангела Ѓоргиева - Александра Шијаковска
Eдна година без тумор на мозокот: Александра Шијакоска помина низ голгота-Го преживеав ова, можам сѐ