Се омажи водителката Јелена Богојевиќ: Наскоро ќе стане мајка, а за најпосебниот ден облече нежна венчаница (ФОТО)

Пред 3 дена наполни 29 години, наскоро ќе се оствари и во улогата на мајка, а вчера шармантната водителка Јелена Богоевиќ му кажа „ДА“ и официјално стапи во брак со вереникот Спасиќ Срѓан.
За свадбената веселба новопечената мајка облече нежен бел фустан, а се одлучила за ненападна шминка по која и е препознатлива а косата ја носеш пуштена.
Јелена за Женски магазин тогаш изјави дека сè уште не може да верува, а фотографиите на социјалните мрежи ја опишуваа нејзината голема среќа.
-Немам зборови со кои можам да ја опишам среќата и сите изливи на емоции кои надојдоа по запросувањето во преубавото Крушево... Едноставно од самиот почеток знаевме и бевме сигурни дека сме еден за друг, сфативме дека сме копнееле по ваква сродност и сме се барале потсвесно и за првпат во животот пронајдовме и доживеавме ваква љубов. Се запознавме во вистинско време, неочекувано и брзо се зближивме, а чувствата, разумот, заедничките погледи и ставови беа пресудни да решиме цврсто дека сакаме да го поминеме животот заедно, па и сите наредни ако постојат“, ни изјави водителката тогаш.
Јелена секое утро ја гледаме во емисијата „Магазин“ со интересни гости. Неодамна, таа беше наша гостинка во рубриката „Пред огледало“ и изјави:
-Кога сум нашминкана, најмногу сакам да ги истакнам очите, моите природни трепки и веѓи или усните, а да прикријам мозолчиња кои ненадејно се појавувуваат од различни причини или пак подочници од премор. -Освен за козметички производи и масажи, за телото се грижам и со активности како пешачење, возење велосипед, пиење поголема количина на вода, а посебен режим на исхрана во моментов немам, се трудам да јадам разновидно и умерено и најверојатно и брзиот метаболизам си го прави своето за одржување на линијата“, ни раскажа убавата водителка.
Фото: Инстаграм Screenshot