Се омажив за шеик, му родив син, ми го подари светот, а потоа на Тв ја видов шок вистината: Мојот живот се претвори во ноќен кошмар
Животот на Нивин Ел Гамал никогаш не бил обичен, но една априлска вечер во 2003 година, во еден јапонски ресторан во Дубаи, ѝ се случил заплет достоен за холивудска романса. Ресторанот бил практично празен; покрај нејзината, само уште една друга маса била зафатена, а зад неа седеле еден од најбогатите луѓе на светот - шеикот Ахмед бин Саид Ал Мактум - со пријател. „Добредојдовте во Дубаи“, ѝ рекол шеикот на Нивин на и нејзината пријателка.
По краток, неформален разговор, шеикот ги земал броевите на овие две дами, без да се претстави. Следниот ден излегле на вечера а тој прилично театрално го открил својот идентитет.
„Донесе списание и го стави пред нас. Беше на насловната страница. Бевме шокирани. Изгледаше премногу млад за да биде шеик“, вели Нивин. Тој гест можеби ги предупредил некои жени дека имаат работа со искусен плејбој, но оваа Египќанка била опиена од целата атмосфера - била посреќна од било кога.
Сепак, романсата меѓу Нивин и шеикот Ахмед по неколку години се претворила во кошмар кој го имал својот епилог на суд. Имено, додека Нивин тврдела дека е мажена за Ал Мактум и дека венчавката се одржала во неговиот стан во Лондон, неговите адвокати негирале дека тоа некогаш се случило. Судската одлука го потврдила постоењето на исламската церемонија, но ја негирала легитимноста на бракот според англискиот закон.
Нивин во една прилика за британски „Стандард“ ги раскажала деталите од односот со шеикот, кој ги скандализирал нејзините родители, а од кого го има синот Саид.
Нивната виорна романса започнала неколку недели откако се запознале во Дубаи, кога Ахмед го посетил Лондон за да се види со Нивин. Знаела дека и тој има работа во овој град, како претседател на авиокомпанијата „Емирати“ и како член на една од најбогатите и најмоќните династии во Емиратите. Неговиот татко, брат и внук владееле со Дубаи како емири, а за тоа време тој собрал неверојатно богатство, за кое се верува дека надминува 20 милијарди фунти.
„Да бараше да скокнам во реката, ќе скокнев“
„Обично престојувавме во неговиот стан. Никогаш никого не ме привлекувал толку. Да ме замолеше да се фрлам во река, ќе го направев тоа“, рекла оваа жена. Двојката наскоро почнала да има интимни односи - ова бил и моментот кога Нивин ја изгубила невиноста. Чинот ја исполнил со вина; таа е воспитана во исламски дух и ја учеле дека двојката може да има односи само во брак.
„Тоа беше многу добра врска и чувствував дека ќе се омажам за него. Купив дури и венчаница“, рекла таа. Во меѓувреме, таа уживала во животот на љубовницата на милијардер - патувајќи низ светот и примајќи скапи подароци. „Часовници, накит, чанти, добив и чанта од Луј Витон од крокодилска кожа која никој друг на светот ја нема“, набројува.
Нивин и самата била многу богата; таа потекнува од едно од најбогатите египетски семејства, а пораснала во палата во Мансура, антички град на околу 120 километри од Каиро. Нејзиното семејство било многу конзервативно.„Додека студирав, не ми беше дозволено да одам ни во супермаркет. Татко ми не го поддржа мојот план да бидам дизајнер на ентериер, бидејќи тоа значеше редовен контакт со мажи, и со оние со понизок статус од мене“, се присетува таа.
Како и да е, на 24-годишна возраст, Нивин се преселила во англиската престолнина, каде што посетувала студии за внатрешен дизајн на Американскиот универзитет со синови и ќерки на благородници, градејќи аристократска мрежа на познаници и пријатели. Изнајмила стан во Нотинг Хил и уживала во културниот живот на Лондон. Таа отпатувала во Дубаи на консултации за градежен проект и тогаш го запознала шеикот.
Неволја во рајот по помалку од две години
По речиси две години врска, работите почнале да тргнуваат наопаку:
„На крајот на 2004 година, вечерав со една негова роднина, а таа тврдеше дека тој тајно имал жена Либанка и дека има ќерка со неа. Тој негираше и со години тврдеше дека тоа не е вистина“.
Следната година пронашла докази за неверството на Ахмед:
„Кога се вратив од работа, на мојата перница најдов трага од розов кармин“. Нивин потоа го оставила, но во 2006 година, по неколку месеци убедување, тие се смириле - одлучувачки фактор било тоа што Ал Мактум конечно ја запросил. Во јануари 2007 година, тие се венчале на тајна исламска церемонија, пред двајца сведоци - мажите Тарек и Хаким, кои тогаш работеле за шеикот.
Таа продолжила да живее во Лондон и добивала 15.000 фунти месечно од својот сопруг, но го гледала на секои два месеци. Таа тврди дека тој и понатаму бил целосно посветен на неа и дека тоа била најсреќната година во нејзиниот живот. Неколку месеци подоцна забременила - тоа му го кажала на Ахмед, инсистирајќи дека мора да се венчаат јавно, на што тој се согласил, барем навидум. Таа одлетала во Дубаи за да се договори за претстојниот брак.
„Кога стигнав таму, неговите роднини и вработени почнаа да ми кажуваат: „Тој излегува со оваа девојка, ќе се ожени со сестрата на кралот на Мароко“. Го прашав за тоа и се имавме голема кавга“, вели Нивин.
Мактум ги негирал тврдењата, но судирите продолжиле се додека Нивин не се вратила во Лондон. Се испостави дека тогаш последен пат го видела шеикот.
„Кога му кажав на моето семејство за бременоста, веста беше дочекана со шок. Пред тоа тие не ни знаеја дека некогаш сум имала односи“, вели Нивин.
„Не те сакам тебе ниту тоа бебе“
Ал Мактум никогаш не се вратил во прегратката на својата сопруга. Кога го известила дека се породила, дека има син и дека му го дала името Саид по татко му, немало одговор. Во јуни ѝ се јавил пријател и ѝ рекол да пушти на една арапска телевизија. Тоа што го видела на екранот ја шокирало - мажот со кој се омажила пред неполни две години се женел со една од своите роднини“.
Еден месец подоцна, откако постојано му се јавувала на мажот кој го нарекувала сопруг, конечно добила одговор. „Ми се јави на 14 јули и ми рече: „Што сакаш? „Сега знаеш дека сум оженет.“ Не те сакам и не го сакам тоа бебе. Кога го прашав за развод, тој ми рече: „Веќе сме разведени“, раскажала таа.
Нивин по овој разговор доживеала нервен слом - го исклучила телефонот и се заклучила во својот стан. Полицијата ја затекнала како седи на креветот и плаче, а пријателите се плашеле дека се самоубила. „
Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Во нашата култура не постои такво нешто како самохрана мајка. Тој ја негираше врската со мене и негираше дека бебето е негово. Беше страшно. Се срамев да го кажам сето ова“.
Таа поминала извесно време во Дубаи обидувајќи се да стапи во контакт со Ал Мактум, но набрзо се вратила во Лондон. Останала без пари и поднела тужби на суд за тој да им го признае бракот и да и даде алиментација за нејзиниот син. На судењето, неговите адвокати тврдеа дека Нивин е „куртизана“, а не сопруга, со тврдења дека парот се среќавал само повремено за да имаат секс.
Судскиот спор траел со години, но по бројните рочишта и тестот за татковство, шеикот Ахмед морал да го признае својот син Саид, да му даде презиме и месечна алиментација.
Фото: Инстаграм принтскрин / Јутјуб