Се подготвуваа за ин витро оплодување: Случајно, природно зачнаа тројка

Откако ја добија својата прва ќерка со ин витро оплодување, заради тоа што им бил утврден стерилитет, Лина Сапија и нејзиниот сопруг Фабио, добија идентична тројка што ги зачнаа природно.

Двојката се подготвуваше за второ ин витро оплодување кога дознаа дека сепак успеале да зачнат природно, не едно, туку три бебиња!

Лина (35) стана една од 200 милиони жени кои добија тројка по природен пат, а бременоста беше нешто за што и беше кажано дека во нејзиниот случај може да се случи само преку ин витро оплодување.

Во септември 2019 година, Лина открила дека е бремена, а на медицинскиот преглед ја дознала веста што претставува вистински шок за неа и нејзиниот сопруг - таа била бремена со три бебиња!

 Ни беше дијагностициран необјаснив стерилитет, а само три месеци пред бременоста со тројки, го изгубив бебето на почетокот на бременоста. Кога ни рекоа дека очекуваме три бебиња, се чувствував како да победивме на лотаријата - вели Лина.

Среќната мајка се породи во 32 седмица, на 12 март и роди три сина: Луис, Пјер и Реми. Бебињата биле вистинска радост во породилното одделение бидејќи голем дел од персоналот никогаш не виделе идентични тројки во нивните животи.


Дури и 3 месеци по раѓањето, се чини дека родителите ги мешаат синовите, а постарата сестра Алба ги обожава и е многу внимателна кон нив.

извор:telegraf.rs

Се остварив како мајка после 7мото ин витро и имам прекрасен син: Зоја С.Петрушева за борбата на жените да станат мајки