Сѐ помалку гледаме вакви фотографии: Што ни се случи?

Не сме далеку од вистината дека коронавирусот си го направи своето. Не оттуѓи, се гледавме само преку интернет, нема физички контакт, нема бакнежи, прегратки... Дали не промени? Изгледа дека е така! Во тие две пеколни години се затворивме дома. Иако тоа имаше некакви предности, во смисла- размислување за тоа до каде сме, што сме, кои сме... сепак низ прозорот гледаме и сакавме да сме надвор...

Денес некако како да се променивме, како да е се поинаку... се оттуѓивме...

Оваа фотографија е во 2018 година. Искрени пријателства меѓу познатите се реткост кога владее ривалитет на естрадата. Спротивност е пријателството на оваа женска петорка. Сега ретко да видиме познати вака седнати заедно на маса...

На фотографијата се поп-ѕвездите Каролина Гочева и Елена Ристеска, актерката Весна Петрушевска и нејзина блиска соработничка и пријателка Вики, и новинарката Ана Шутиноска од „Антена 5 радио“.