Се породи на 60 години: Ѝ кажале дека е светско чудо, сопругот ја оставил, а денес има само една желба за ќерка си!

Општо познато е дека бременостите по четириесет години се ретки, но и ризични, сепак таа старосна граница сѐ повеќе се поместува, па денес жените имаат можност да станат мајки во подоцнежна возраст.

Токму таков е случајот со Атифа Љајиќ од Нови Пазар, која многумина ја сметаат за медицински феномен, бидејќи на 60-годишна возраст родила дете.

Имено, Атифа се породи пред пет години, а денес на 65 години среќно го расте своето девојче.Вели дека здравјето ѝ служи, а лекарите и помогнале во сѐ, за да ѝ биде стабилна бременоста.

Бидејќи не е вообичаено жената да се породи на 60 години, Атифа не обрнувала многу внимание на реакциите на луѓето, бидејќи сакала само да си ја исполни желбата и да има дете. Таа е самохрана мајка, а од сопругот се разделила веднаш по раѓањето на нивната ќерка.

Станот во кој живеела Атифа со ќерката не бил во добра состојба, па често се селеле, меѓутоа денес сѐ е поинаку. Со ќерката живее во нов стан, а киријата ја платил анонимен донатор од странство.

- Ми протекуваше стариот стан и морав да се преселам во друг стан. Во едната рака го носев моето девојче, а во другата работите, бидејќи немаше кој да ми помогне. Ми беше тешко, но фала му на Бога тоа време помина. Поранешниот сопруг го призна детето, но после тоа не сакаше повеќе да живее со нас, дојде во градинка да го види, но не разговара со мене, раскажува Атифа, пренесува „А1твНет“.


Бидејќи била без никакви примања, морала сама да се снаоѓа, а и помагале добри луѓе.

- Благодарност до сите што помогнаа. Дојдоа некои и дадоа 100, некои 50 евра и тоа многу ми помогна. Најмногу би сакала да ѝ купам стан, да знам дека има свој покрив над глава и тоа е мојата единствена желба сега, рече таа.

Извор: zena.blic.rs