Се породи во тоалет на бензинска и ладно си замина, бебето пронајдено мртво: Надзорните камери снимиле сѐ
Полицијата во САД трага по жена која се породила во тоалет на бензинска пумпа и заминала без да погледне назад. Бебето било пронајдено мртво.
Полицијата во Тексас објави видео од една жена осомничена дека се породила во тоалет на бензинска пумпа во Хјустон, а потоа го оставила новороденчето таму да умре и се оддалечила без да погледне назад.
Еден муштерија го нашол бебето во бањата околу 4:30 часот и повикал болничари, објави „Дејли Меил“. Девојчето веќе било мртво, па за жал немало помош за неа.
На снимката од надзорната камера се гледа како жена излегува од бел кадилак, влегува во затворениот дел од бензинската пумпа и набргу потоа го напуштила местото на настанот. Пред да биде пронајдена, невозможно е да се биде 100% сигурно дека е мајка на детето, но полицијата верува дека е.
Texas cops hunt for a woman who gave birth in a gas station RESTROOM and left her baby for dead as they release security footage of the suspect https://t.co/qDC3s4RU72 pic.twitter.com/qJKwIVToFZ
— Daily Mail US (@DailyMail) August 1, 2023
Таа била во тој тоалет околу 15 минути пред да замине, а бебето било пронајдено еден час подоцна. Страшниот настан се случил рано во недела наутро кога малку луѓе доаѓаат на станицата.
„Никој друг не влегуваше во таа бања, а новороденчето не беше таму кога муштериите влегоа порано“, рече детективот Кејлеб Браунинг од Хјустон.
Полицијата во Хјустон не знае дали бебето било мртво родено или починало откако мајката се породила, но било мртво веќе извесно време кога било пронајдено.
Извор: dnevnik.hr