Се разделија Јована и Жељко: Пејачот потврди сѐ, ја откри причината за колапсот на љубовта

Добивај вести на Viber

Раскинувањето на Јована и Жељко Јоскимовиќ ги остави сите без зборови

Јована и Жељко Јоксимовиќ се вљубени речиси една деценија, а нивната бајка од која го добија синот Коста и близнаците Ана и Срна започна во 2008 година, кога беа домаќини на Евровизија.

Иако Јована тогаш беше свршена со Александар Зеремски, набрзо го остави и почна да излегува со пејачот. Тие денес не само што се во брак, туку и деловни партнери, а заедно раководат со медиумската агенција „Танјуг“ како и со телевизиите К1, ТВ ДР и Казбука.

Откако се венчаа на Малдиви во 2012 година, нивната врска изгледа како бајка, а тоа сакаа јавно да го потврдат две години подоцна кога ги обновија свадбените завети во Белград и одржаа голема прослава. Сепак, има нешто што не сакаат да го паметат, а тоа е нивната разделба по три години љубов.

Имено, само 15 дена откако пејачот ја запроси водителката, Јована и Жељко Јоксимовиќ раскинаа. Упатените тогаш изјавија дека причината биле несогласувањата во нивната врска кои ја совладале љубовта. Јоксимовиќ тогаш не го криеше раскинувањето:

- Така е, повеќе не сме заедно. Од почит кон Јована и прекрасното време што го поминавме заедно, не сакам да ги наведувам причините поради кои раскинавме. Всушност, нема конкретна причина. Едноставно почнавме да се оддалечуваме. Некои работи не можеа да се одвиваат онака како што сакавме двајцата - изјави тогаш тој.

Многу брзо следеше помирување во Тиват, каде Жељко имаше настап, а Јована тргна на приватен лет да го посети. Оттогаш тие двајца никогаш не раскинале, ниту пак приказната за нивните кавги се појавила во јавноста. Тие важат за еден од најхармоничните парови на јавната српска сцена, двајцата се посветени на своите деца кои се круна на нивната љубов и многу успешни во бизнисот, а пред неколку години купија вила во Сењак од Ивана Мишковиќ и Горан Кариќ, каде што сега живеат.


Фото: Youtube - screenshoot -  Republika TV

Извор: ексклузив

Јована и Жељко Јоксимовиќ во Катар ја бодреа Србија, модно усогласени го порачаа ова (ФОТО)