Се роди љубов на Евровизија: Убавата Црногорка и Естонецот, Стефан се неразделни во Торино

Откако минатата година се шпекулираше за симпатиите помеѓу Сања Вучиќ и Дамијано Давид, минатогодишниот победник на Евровизија, медиумите јавуваат дека имаме нов евровизиски пар.

Изборот за песна на Евровизија е одбележан со многу музика, но и собири на музичари од сите делови на Европа, па меѓу двајца од нив, годинава се родија посебни симпатии, пишуваат медиумите.

Според Курир, во Торино последните денови одекнуваат насмевките на црногорската претставничка Владана Вучиниќ и 11-години помладиот Естонец, Стефан, а дека хемијата е очигледна можат да посведочат сите оние кои биле во нивно друштво.


Владана и Стефан се запознале во Романија и се дружеле за време на националните избори за „Евровизија“. Овде се развило пријателството кое очигледно и судејќи според изјавите на нивните пријатели прераснало во нешто повеќе.


- Тие двајца се неразделени во Торино, заедно се по цел ден и не им е проблем што секогаш се опкружени со претставници на медиумите, но и со фанови на ова натпреварување - истакна неименуван извор за споменатиот весник. .

И Владана и Стефан, инаку, за прв пат ќе настапат вечерва, на втората полуфинална вечер на Евровизија. Црногорката ќе се претстави со песната Breathe, додека Стефан ќе ја изведе песната Hope.

Инаку заедно со Владана таму е и нашиот продуцент Дарко Димитров, кој се погрижи за комплетниот звук на песната со која ќе се претстави таа, која пак неодамна за Женски магазин откри дека ја напишала евровизиската песна, за мајка ѝ - родена во Македонија, која починала од последици на корона.