Се родил во 27 гестациска недела со само 940 грама: Малиот Едон од ГАК си замина по 77 дневна борба за живот

Добивај вести на Viber

Уште една убава приказна за мал и вистински борец доаѓа од Клиниката за гинекологија и акушерство.

По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, сопштија утринава од ГАК.

Како што е соопштено, маиот борец се родил во 27 гестациска недела и тежел само 940 грама, а дома го испратиле тежок 2110 грама.

Од ГАК на Едон му посакаа многу здравје, радосно детство и среќа, а на неговите родители им се заблагодарија за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон.