Се сакаат како и првиот ден: Кадир Догулу и Неслихан за гласините дека стануваат родители

Познатиот турски актер Кадир Догулу штотуку наполни 40 години. Неговата сопруга, познатата актерка Неслихан Атаѓул, му честиташе на својот споруг преку мини-албум на социјалните медиуми кој ги потсети на среќните моменти од нивната долгогодишна љубов. Актерката во својата честитка напиша: „Среќен роденден љубов моја. Ти си празник секој ден! Те сакам".

View this post on Instagram

A post shared by (@neslihanatagul)


Возбуден и очигледно изненаден, Кадир и возврати со зборовите: „Денес дефинитивно ќе ме расплачеш...“ 

Објавите на парот добија големо внимание, а беа проследени и со последователни честитки од обожавателите на двајцата. Но, по десетти пат по ред нивните имиња се провлекоа низ низа шпекулации за можна бременост на актерката.

Во текот на едно интервју месецов, познатата двојка ја негираше оваа вест, која ја нарекоа „дезинформација“. Кадир изјави дека по повод неговиот роденден тие одлучиле да разбудат една од нивните заеднички пасии, а тоа е патувањето.

„Планираме да одиме во Јужна Америка. Има многу луѓе таму кои не сакаат. Всушност, има многу кои го научиле нашиот јазик благодарение на ТВ сериите“, рече Догулу.

View this post on Instagram

A post shared by (@neslihanatagul)


За шпекулациите за бременоста на актерката, Атаѓул категорично рече: „Не грижете се. Со задоволство ќе ве известиме кога ќе се случи тоа.”


Кадир и Неслихан се веќе добро познати на нашата публика. Кадир моментално можете да го гледате во улогата на Алпер од „Дозволи да те сакам“, додека Неслихан ја толкува убавата Нихан во „Карасевда“. Двете серии се емитуваат на каналот Dizi.

„Дозволи да те сакам“ ја раскажува комплицираната животна приказна на Лејла, самохрана мајка која по разводот се враќа во куќата на нејзиниот татко. Набргу го запознава Хашмет, навидум романтичен, грижлив и примерен маж, сопственик на ланец ресторани кој со работата во Германија го прикрива неговиот валкан бизнис на трговија со дрога.

Во потрага по подобар живот за нејзиното бебе, Лејла ќе реши да се омажи за Хасмет и да се врати во Истанбул. Но, на денот на нејзината венчавка таа ги дознава тајните за илегалните работи на Хашмет и бега од сопствената свадба.

Погрешната одлука да се омажи за тој човек сепак ќе ѝ ја донесе вистинската љубов. Истиот ден, сосема случајно го запознава скромниот и згоден Алпер, самохран татко приморан да работи во еден од рестораните на Хашмет за да се грижи за својата ќерка. Средбата со Лејла и за него ќе претставува нов почеток и нова љубов. Овојпат, онаа вистинската и бескрајна љубов.

За Алпер и Лејла следува тешка борба за љубов, во која мора да се изборат со сите препреки поставени од Хашмет, кој секогаш ќе им биде зад петици.

Гледајте ја „Дозволи да те сакам“, секој ден од 18:20 на Dizi.

Турската актерка Неслихан Атагул поради тешка болест имала само 45 килограми: Сега изгледа подобро од било кога