Се сеќавате ли на принцот Мустафа од „Сулејман Величенствениот“? Жените лудуваа по него, а еве како изгледа по 11 години

Добивај вести на Viber

Мехмет Гунсур го глумеше принцот Мустафа во „Сулејман Величествениот“, а поради неговиот глас и стас ги освои жените ширум регионот.

Една од најуспешните турски серии досега, „Сулејман Величествениот“ беше исклучително популарна кај нас, а главните актери ги освоија срцата на публиката.


Покрај Мерјем Узерли и Халит Ергенч, кои ги толкуваа Султанија Хурем и султанот Сулејман, се истакна и принцот Мустафа, кој го игра Мехмет Гунсур.

Поради гласот, стасот и глумата ја освои публиката кај нас и долго време беше еден од омилените ликови на таа серија.

Мехмет е роден во Истанбул на 8 мај 1975 година. Пред да почне да глуми, работел како шанкер и модел.


Многу брзо го привлече вниманието на себе, и со својот изглед и со своите актерски способности.

Добитник е на бројни актерски награди, меѓу другите наградата за најперспективен актер во 1998 година на Интернационалниот филмски фестивал во Анкара за неговата улога во филмот „Хамам“ и во 2003 година специјална награда од жирито на престижниот турски фестивал во Анталија за глума во филмот „За Симда Аскер“.

Тој е среќно оженет со италијанската режисерка Катерина Монџо, со која е во врска од 2004 година.

Парот имаше три деца - Маја, Клои и Али, со кои Гунсур повеќе сака да го поминува слободното време, а во едно интервју истакна дека, кога не снима, ужива во тенис, трчање и читање.

На неговиот Инстаграм профил може да се види дека наскоро ќе започне серија на Disney+ наречена „Arayış“, па може да се каже дека светската јавност ќе го запознае величествениот талент на овој актер, додека тој се надева на холивудска кариера.



ФОТО: Инстаграм