Се сеќавате ли на Сузан Бојл? Денеска е милионерка и изгледа сосема поинаку

Добивај вести на Viber

Пред десетина години се прослави во шоуто „Британски суперталент“ кога целиот свет слушна за скромната домаќинка со ангелски глас. За нејзиниот живот може да се сними филм - Од трње до ѕвезди. На Сузан Бојл секојдневието комплетно ѝ се промени, таа повеќе не е сиромашна. Разбирливо, Бојл го промени и физичкиот изглед и во интервјуата милува да каже дека секојдневно добива бројни љубовни и брачни понуди.

- Ми се промени животот. Бев обична жена и живеев со мачка. Продадов преку 20 милиони плочи и тоа е премногу за мене - низ насмевка коментира Сузан.

Бојл досега заработи околу 22 милиони фунти, но и понатаму се обидува да живее скромно, а доказ за тоа е и фактот што се’ уште можете да ја најдете на истата адреса. 

Најскапите работи кои досега си ги приуштила се бунда и клавир. Досега имала и неколку неуспешни обиди да добие возачка дозвола.