„Да беше жена која користи ботокси и филери, Македонија ќе личеше на унаказена жена од пазарџии за ситна пара“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб
![](/media/main/2025/02/20250214134806.jpg)
Жанета Трајковска од граѓанскиот сектор, преку ФБ вели да се смени и грб, и химна и Устав....
„Ако, ако - сменете и грбот на Македонија, па после и химната, Уставот и така и вака е швајцарско сирење - се сече и дупчи по потреба, тој и така веќе е забришан... Знаме и име сменивме, што би се рекло континуитет на конститутивниот македонски народ може да се сведе на нула, континуитетот на државата на 2 нули, а идентитетот забетониран може да го закачите јавно и да служи како показна вежба како се уништува еден народ и една држава која некогаш мислела дека е држава.
Да беше жена која користи ботокси и филери, Македонија ќе личи на унаказена жена која ја имаат уништено надрилекари и пазарџии за ситна пара и влијание.
Туку, се средивте во државата: воздух, загадување, смрдеа, ѓубре, криминал, дрога, хаос, корупција, непотизам, крадење, убиства, урбицидот, реките, планините, храната, сиромаштијата, економијата, платите, развојот, образованието, здравството, малигните заболувања, лековите, сообраќајот, државните злоупотреби, цицањето на буџетот, градинките, обезбедивте тоалетна хартија и сапун во школите и во болниците, го решивте хаосот на Клинички, има пензии за сите и сите имаат ист пристап до образование и култура и здравство. Браво! И сега на крај ќе преговарате дали лав, дали орел ќе стои на грбот на Македонија и дали ќе пееме Денес над Македонија се раѓа или нешто шесто.
Подетално на Фактор тука.