Веднаш по хемотерапија, го водеше „Санремо“: Супермоделот Бјанка Балти мина низ пекол, сега блеска по животната борба
![](/media/main/2025/02/20250214113046.jpg)
Италијанската манекенка Бјанка Балти (40) блесна на втората вечер на „Санремо“, познатиот италијански избор за песна што ќе ја претставува оваа земја на Евровизија. Нејзиниот изглед предизвика големо внимание кај публиката, особено што неодамна објави дека завршила со хемотерапија, на која се подложила откако минатата година и бил дијагностициран рак на јајниците.
Балти се приклучи на фестивалот како една од водителките, а неодамна, по повод Светскиот ден за борба против ракот, кој се одбележува на 4 февруари, сподели емотивна порака на социјалните мрежи.
„Повеќе не го земам животот здраво за готово“
„Светскиот ден на ракот отсекогаш бил само случаен ден на кој би ме потсетувале некои објави на Инстаграм, иако тетка ми почина од метастатски рак на дојка на 39 години, а мајка ми доби мултипен миелом пред неколку години. И покрај мојата дијагноза, во 2021 година, дека го носам генот BRCA1, поради што бев подложена на превентивна двојна мастектомија во декември 2022“, напиша таа.
„На 14 октомври ја започнав мојата битка со хемотерапијата, која заврши минатиот понеделник, но на мое големо изненадување во тие последни неколку месеци се чувствував жива како и секогаш. Повеќе не го земав животот здраво за готово, а мојата благодарност го достигна својот врв. Сè почна да добива димензии на вистински благослов", додаде таа.
Таа уште повеќе го сака животот
Бјанка искрено сподели колку бил тежок процесот, но и колку ја променил. „Беше тешко и сè уште не е сосема готово, но не би можела поинаку. Велат: „Она што не те убива, те прави посилен“, но моето искуство е дека она што не ме уби мене ме натера да го сакам животот многу повеќе“, заклучила Бјанка во својата објава.
Бјанка за својата дијагноза дознала минатиот септември, откако завршила во болница поради силни стомачни болки. Тогаш лекарите откриле дека болката е предизвикана од рак на јајниците. Покрај тоа што се соочува со тешка битка за здравјето, Бјанка е мајка на две деца. Таа ја има 17-годишна ќерка Матилда од првиот брак со Кристијан Луциди, со кој беше во брак од 2006 до 2010 година. И ја има деветгодишната ќерка Миа со Метју МекКреј, со кој се омажи во 2016 година.
Фото: ИнстаграмИзвор: Kurir.rs