ТРАЈАНКА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Добивај вести на Viber

Трајанка е православно женско име со словенско потекло.

Значење на името: да живее, да трае. Иако е слично со латинското име Traian, словенската варијанта е неповрзана со него. Женска форма од Трајан.

Се поврзува со Архангелот Михаил кој го запрел падот на Небесните Сили со својот повик „Вонмем, да стоиме добро“.

Сите оние кои го носат ова име го слават Св. Трифун како нивен именден.

Трајанка е древно македонско име кое најчесто го давале на децата со верување дека тие ќе живеат, ќе траат.

Нумеролошка вредност за името Трајанка е 8.

Луѓето со името Трајанка имаат потешка судбина и живот полн со препреки кои бараат голема борбеност и истрајност.