Се слушаме секојдневно: Срцето на Емилија кое сега чука во градите на Иван силно ги поврза двете семејства

Добивај вести на Viber

Пред скоро една година, за прв пат се сплотија сите во државава, тагуваа заедно за прерано згаснатиот живот,  се радуваа на напредокот во медицината кај нас, но и за можноста за нов живот.

Информацијата за првата трансплантација на срце во земјава оддекна со неверојатна брзина и испомешани чувства. Граѓаните им честитаа на медицинските лица за успехот, тагуваа со семејството Диневи, кои прерано ја загубија Емилија Динева, сопруга, мајка и баба. Но, и се радуваа и се молеа на Бога за Иван Огненовски да го прифати срцето на првата дарителка на срце во земјава Емилија и да добие шанса за нов живот.

Скоро година дена по првата трансплантација на срце во земјава, Регионалната ТВ Канал ВИС од Струмциа објави сторија од двете семејства кои ги спои судбината.

„Секојдневно се слушаме, се посетуваме“, вели синот на Емилија, Влатко. 


Синот на првата дарителка на срце во земјава, Влатко е средношколец, но тешката финансиска состојба го принудила и тој да бара работа. Во моментов тој работи во општина Дојран со договор на дело.


Видео и Фото: ТВ Канал Вис