(ВИДЕО од операциона сала) Докторите извикуваат готово е: Како изгледаше трансплантација на срце

Првата трансплантација на срце во земјава помина успешно, напиша министерот за здравство Венко Филипче, утрово на својот фејсбук профил. За успешно сработената работа не можат да поверуват ниту докторите. Во видеото кое го сподели со јавноста др. Кристијан Бундовски може да погледнете како се одвивала операцијата и аплаузот за успешно завршена работа.

„ Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце.....Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !!Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо....испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност ... победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата "Живот" !
Честитки Господа !!!“, напиша Бундовки.


Видеото и целиот пост на др. Бундовски погледнете го тука.

Предупредување: Содржината не е за лица со слабо срце!