„Се срамам од себе, од Тара, од луѓето... за што јас јавно се расправам“: Ана Николиќ не крие повеќе што се трпи од Раста
Пејачката Ана Николиќ повторно е во „војна“ со поранешниот сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ Раста, со кој ја има ќерката Тара. Овој пат Ана ја објави нивната приватна преписка, а потоа повторно го обвини дека е член на кланот на Беливук. Откако Раста по нејзините укори објави фотографија со ќерката на социјалните мрежи, Ана повторно реагираше тврдејќи дека нејзината ќерка е со неа.
-Лаже! Детето е со мене па нема да дозволам повеќе да лаже. За неговите родители можам само да кажам "благодарам што за се" и од почит кон истите тие луѓе молчев. Подобро е да молчи засекогаш.Се што ќе каже од овој момент ќе биде употребено против него. Не го видел детето. Ако сакаш да продолжам повели! Се срамам прво од себе, од Тара, за што јас јавно се расправам. Во право си - ќе видиме на суд, напиша Ана Николиќ на својот Инстаграм под фотографиите.
А потоа објави фотографија со ќерката во кревет како спие со неа.
За потсетување, Николиќ неодамна жестоко го искритикува Раста поради неговото интервју, во кое, меѓу другото, зборуваше и за нејзините проблеми, како и дека е тука да и помогне во животот.
- Ана е доволно стара за да знае што е паметно и добро за неа, па затоа и да одлучи како ќе живее. Семејството е тука да помогне на секој начин. Јас сум хуман, помагам и на познатото и на непознатото, па како да не помогнам на мајката на детето кое безусловно го сакам. Во моментот кога ќе посака да промени нешто, промената ќе се случи - искрен бил нејзиниот поранешен сопруг, што веројатно ја повредило Ана, па решила да упати низа жестоки обвинувања кон него.
фото:screenshot/youtube