Се ужаснувам од ботокс: Адријана Алачки е поборник на природниот изглед

Поради начинот на живот, долготрајните снимања, патувања, ангажмани, стресот и заморот, Адријана Алачки вели дека ѝ помагаат третмани со брзи ефекти за хидратација на кожата на лицето.

„Ги правам кога морам за 30 минути да изгледам „свежо и одморено“. Нема подобра козметика и сјај на лицето од здрави живи успешни и среќни деца и внука, и тоа се нарекува специјален третман за лице. И секоја брчка е од нив, и секој сјај е од нив. Парадоксот на животната козметика. Од децата ти се и брчките и „антиејџ“ терапијата“, ни изјави пејачката и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“. 

„ Немам ботокс, хиалурон, филери. Не сум противник, но сепак кога ќе видам неприродно и лошо аплицирани пополнувања, верувајте, од глетката се чувствувам страшно. Треба добро да се одбере каде и кој ќе ви го работи лицето,“, додаде Алачки.