Се венчаа Игор Карачиќ и Душица Андоновска: Фаталната Македонка остава без здив во мини венчаницата

Добивај вести на Viber

Игор се одлучил за класично одело, без вратоврска и машна, а носеше патики наместо чевли, додека Душица остави без здив во бел мини фустан со бели салонки и превез на главата...

Хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ се ожени. Мостарацот и неговата избраничка, Македонката Душица Андановска, кажаа судбоносно „да“ пред нивните најблиски пријатели, а само еден од нив објави фотографии од венчавката на Инстаграм.


Игор се одлучил за класично одело, без вратоврска и машна, а носеше патики наместо чевли, додека Душица остави без здив во бел мини фустан со бели салонки и превез на главата.

Да потсетиме, популарниот Кара објави фотографија на Инстаграм на која неговата девојка Душица Андоновска носи прстен на раката, со што на следбениците им откри дека ја запросил. Само напиша кратко во описот на фотографијата. „Да“. Душила доби рози заедно со прстенот, кои таа ги покажа на сликата.


Ракометарот ја запроси својата девојка изненадувајќи ја со ливчиња од роза во форма на срце и свеќи на подот. Имаше и торта на која пишуваше „Ќе се омажиш ли за мене?“. Дучица и Игор се среќаваа додека ракометарот играше за македонски Вардар, каде мина седум години, а сега се пресели во Полска и игра за Кјелце. Набргу потоа, Душица се пресели во Полска и сега тие ја крунисаа љубовта за цел живот.


Фото: Инстаграм/Принтскрин

Извор:вечерни.хр