СЕ ВРАЌААТ ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ: Доаѓа период на стабилно, суво и топло време

Управата за хидрометеоролошки работи објави неколку дневна прогноза за претстојните денови.

Како што информираат оттаму, следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која од недела насекаде ќе биде над 30 степени. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.

Извор: Фактор

Фото: Freepik.com