Се врати на старата љубов: Наташа Беквалац сподели фотографии кои кажуваат повеќе од 1000 зборови
Убавата пејачка се одлучи за промена која многумина ги врати во минатото
Популарната пејачка Наташа Беквалац со години го привлекува вниманието на јавноста поради совршениот изглед, но и возбудливиот приватен живот.
Таа е една од оние пејачки кои се грижат за својот изглед и се трудат секогаш да изгледаат совршено. Наташа не е од оние кои премногу експериментираат кога станува збор за изгледот, но со текот на годините, таа направи некои мали промени.
Сите се сеќаваат на нејзините долги шишки кои го покриваат целото чело, а кои според многу страсни обожаватели на нејзината работа, одлично ѝ прилегаат на лицето.
Така овој пат пејачката покажа дека го променила својот изглед, односно ова е всушност нејзината стара фризура, која ја носеше со години.
Фотографиите докажуваат дека го обожава овој изглед.
Извор: glossy.espreso.co.rs