Се жени синот на Лепа Брена: Детали за свадбата на Виктор Живојиновиќ и убавата Сандра

Најмалиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, реши да се ожени, но поради коронавирусот ќе мора да почека да помине пандемијата. Тој и неговата девојка Сандра Милјаковиќ не сакаат интимна венчавка, туку свечена гала церемонија, слична на онаа што ја направија Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ.

Иако планираа да станат сопружници оваа пролет, сепак ќе мора да почекаат до мај 2022 година, кога планираат да се венчаат. Брена и Боба се согласуваат со нивната одлука, бидејќи тие исто така имаат многу гости кои сакаат да ги повикат и веруваат дека дотогаш ќе заврши ситуацијата со вирусот.

- Планираме гала-прослава со 500 гости. Нас Живојиновиќ нè има многу, па мора да најдеме голем простор на отворено. Нема да правиме свадба сè додека не се смири состојбата со коронавирусот. Но, мене и на Сандра не ни пречи да чекаме, се однесуваме како да сме веќе во брак - изјави Виктор за медиумите. Тој објасни и како снаата била прифатена од семејството Живојиновиќ.

- Сандра ми е голема поддршка во сè. Семејството е воодушевено од мојот избор и има само пофални зборови за неа. Убаво е кога наоѓате личност која ви одговара во сè - истакна тој, кој, како и неговата девојка, редовно објавува фотографии и видеа на Инстаграм каде што можете да видите дека уживаат во нивната љубов.

Патем, како што се наведува, Брена и Боба решиле да го одврзат ќесето за венчавката на нивниот миленик. Ниту еден дета детаљ нема да биде изоставен. Свекрвата и овојпат сака гламурозна венчавка, како што беше случајот кога Филип Живојиновиќ се ожени со Александра.
Деталите се веќе договорени, бидејќи сè беше планирано за мај годинава, но реализацијата е одложена и ќе започне веднаш штом ситуацијата ќе се врати во нормала.

Да потсетиме, втората снаа на Живојиновиќ е од селото Будиловина близу Брус, а студира на Филолошкиот факултет во Белград и е шминкерка. Сандра се грижи и за изгледот на нејзината идна свекрва, која е презадоволна од неа.

извор:GLOSSY
фотографии:instagram

Поврзани вести:

Не би погодиле: Вистинските имиња на синовите на Лепа Брена

Тажна бев кога Виктор имаше 160 килограми: Синот на Брена драстично ослабе