Посетете некој од светските музеи од удобноста на вашиот кауч
Следејќи ги
состојбите во државава и светот, во однос на коронавирусот, самоизолацијата е
многу важна во оваа фаза. За да успееме колективно да се заштитиме, колку и да
звучи досадно карантинот е од исклучителна помош за нас и нашите најмили. Иако со одлуки на Владата и министерствата под
клуч останаа образовните институции, повеќето културни центри и институции,
како и многу други места кои беа дел од нашето секојдневие, сепак, и во овие услови постои начин да стекнете знаење за уметноста, историјата и науката додека сте излолирани во вашиот дом.
Google Arts & Culture се здружи со над 500 музеи и галерии низ целиот свет за да им ги приближи на секого и секаде виртуелните тури на некои од најпознатите музеи низ целиот свет.
Ѕирнете во некои од нив:
Овој иконски музеј сместен во срцето на Лондон им овозможува на виртуелните посетители да го обиколат Великиот суд, Розета Стоун и египетските мумии. Исто така, можете да најдете стотици артефакти на виртуелната турнеја низ музејот.
Функцијата Street View на Google им дозволува на посетителите да ја обиколат познатата спирална скала на Гугенхајм, без да излегуваат од дома. Оттаму, можете да откриете неверојатни уметнички дела од импресионистичката, пост-импресионистичката, модерната и современата ера.
Национална галерија за уметност, Вашингтон, Д.Ц.
Овој познат американски уметнички музеј има два експонати преку Google. Првиот е изложба на американска мода од 1740 до 1895 година, вклучително и многу облека од колонијалните и револуционерните епохи. Втората е збирка дела од холандскиот барокен сликар Јоханес Вермеер.
Виртуелно можете да прошетате низ оваа популарна галерија во која има десетици познати дела од француски уметници кои работеле и живееле помеѓу 1848 и 1914 година. Помеѓу другите, погледнете ги и уметнички дела на Моне, Сезан и Гогоин.
Национален музеј за модерна и современа уметност, Сеул
Може да се пристапи до еден од популарните музеи во Кореја од каде било низ светот. Виртуелната турнеја на Google ве одведува низ шест ката на современата уметност од Кореја и од целиот свет.
Како еден од најголемите музеи во Германија, Пергамон има многу да понуди - дури и ако не можете физички да бидете таму. Овој историски музеј е дом на многу древни артефакти, вклучувајќи ја и вавилонската порта Иштар и, се разбира, олтарот на Пергамон.
Истражете ги маестралните дела од холандското златно доба, вклучувајќи дела од Вермеер и Рембрант, Гугл нуди турнеја низ Street View на овој иконски музеј.
Секој што е обожавател на овој трагичен, генијален сликар, може да ги види неговите дела одблизу (или, скоро одблизу) со виртуелна посета на овој музеј - најголемата колекција на уметнички дела од Винсент ван Гог, вклучувајќи и над 200 слики, 500 цртежи и повеќе 750 лични писма.
Музејот Ј. Пол Гети, Лос Анџелес
Европските уметнички дела уште од 8 век можат да се најдат во овој музеј за уметност во Калифорнија. Прошетајте низ Street View за да откриете огромна колекција слики, цртежи, скулптури, ракописи и фотографии.
Оваа помалку позната галерија ја сместува уметничката колекција на едно од , најпознатите семејства во Фиренца, Италија - Демедицис. Зградата е дизајнирана од Џорџо Васари во 1560 година специјално за Козимо Први Демедици, но сега секој може да талка по нејзините сали, од каде било во светот.
Музеј на уметноста во Сао Паоло е непрофитен и првиот современ музеј во Бразил. Уметничките дела поставени на јасни рамки прават да изгледа дека уметничките дела лебдат.
Национален музеј за антропологија, Мексико Сити
Постојат 23 изложбени простории исполнети со антички артефакти, вклучително и некои од цивилизацијата на Маите.
За жал, не сите популарни музеи и галерии на уметност може да бидат вклучени во колекцијата на Google Arts & Culture, но некои музеи ја преземаат самите, за да понудат посети преку Интернет. Како Лувр, кој нуди виртуелни тури на својата веб-страница.
Предлози за книги и филмови додека сте во самоизолација:
Наш предлог за убаво поминато време дома: Топ 5 фамилијарни филмови
Наш предлог: Топ книги кои мора да ги прочитате