Седум јатрви и 43 деца живееле во една куќа во село во Босна: Никогаш не се скарале, а вака ги воспитувале

Добивај вести на Viber

Во една куќа во Босна живееле 7 јатрви и 43 деца, а сите функционирале како едно - никогаш не се скарале.

Српската пејачка, која има осум деца, ја воодушеви јавноста на Балканот со семејниот живот, а особено со тоа што сите 10 членови живеат во стан во Нов Белград. Многумина коментираат дека денес животот во голема заедница е многу тежок, а приказната за едно семејство од Босна покажува како сѐ е можно.

Имено, едно семејство од Брестов кај Кисељак хармонично живеело во голема заедница. Во стара босанска куќа живееле седум јатрви и 43 деца. Куќата е сè уште е во добра состојба, но со текот на времето многу се истрошила и треба да се реновира. За оваа куќа се поврзани многу интересни судбини и приказни, пренесува новинарот Ален Авдиќ.

- Куќата е стара над 300 години. Таму бевме 7 јатрви, и 43 деца. Дали имало расправија или тепачка во оваа куќа, тоа никогаш не се случило! - вели една од децата.

Денес, јатрвите обично не се разбираат една со друга, но во ова семејство јатрвите во една куќа биле како едно и никогаш не се карале.

- Таму се родив и остарев. Имаше седум јатрви и никогаш не забележав дека тие се лутеа една на друга. Можеби еднаш имало кавга меѓу нив, но не се забележувала - објасни Маријан.

Во оваа куќа имало многу членови, но храната никогаш не им била проблем. Секогаш знаеле да се снајдат и сите биле задоволни од тоа што го имаат.

- Пита со компири, супа и толку. Кој колку зема од тавата. Подоцна го мацавме лебот со маснотии и дојадувавме.

- Сама си правев облека за себе и за моите деца. Порано некако бевме среќни и насмеани, не мораше да се пари, но бевме среќни. И нашите родители разговараа со нас, на маса додека јадевме.

Децата уште од мали нозе имаа свои обврски и сѐ се постигнуваше со договор.

- Многу значи да се разговара со децата и децата да не се плашат од родителите, ние никогаш не се плашевме ниту од мама, ниту од тато, иако мама беше строга. Имавме слобода, но и почит. Се знаеше кој ќе ги чува кравите, кој ќе оди во црква, кој ќе оди на училиште... Мама беше организатор на семејството.

И покрај тоа што животот секој од нив го однел на своја страна, тие сепак си помагаат и функционираат како едно.

- Се учи од мали, така нѐ учеа како деца. Секогаш ни велеа дека треба да се почитуваме. И да има некакви несогласувања, тоа не се воспитува, се простува. Никогаш немавме проблеми ниту со соседите.


Фото и Видео: Youtube