Бебето Виктор ѝ се заблагодари на медицинската сестра: Знам дека сум само едно од дечињата за кои си се грижела...
- Драга сестро! Знам дека сум само едно од многуте момчиња што си ги чувала, хранела, пресоблекувала и згрижувала на ова чудно ново место.
Ти благодарам драга сестро, за твоите нежни допири, топли дланки и убави зборови. Сега одам кај мајка ми и тато затоа што едвај чекав да ги видам! Виктор многу те сака - стои во пораката објавена од медицинската сестра Александра, на одделот за неонатологија на Општата болница Пожаревац, Србија.
Таа ја сподели сликата со коментар: „Најубавиот подарок што можеш да го добиеш!
Пораката што родителите ја напишале во име на бебето до сестрата која се грижела него ја разнежни Александра, но и цел регион.
Малиот Виктор, иако првите денови од животот ги помина во неонатологија, сега судејќи според пораката што ја испрати преку неговите родители, тој добро се опоравува, расте и се дружи со мама и тато, кои едвај чекаше да ги види.
извор:zena.blic.rs