Сека Алексиќ се огласи по приказната дека нејзиниот сопруг Вељко и направил дете на дадилка: „Срам да му е на секој кој ќе ми го допре семејството“
Пејачката Сека Алексиќ доживеа непријатност кога на социјалните мрежи почнаа да кружат гласини за нејзиното семејство и брак, чиј центар е нејзиниот сопруг Вељко.
На Твитер пред неколку дена се прошири „информација“ дека сопругот на популарната пејачка Сека Алексиќ и направил дете на дадилка.
На ваквите објави кои се шират на Твитер, како што самата ги нарекува измислици, веднаш реагираше Сека Алексиќ и јасно застана во одбрана и на семејството и на нејзиниот сопруг Вељко.
Имено, еден твитерџија сподели статус во кој го напиша следново:
„Али, Вељко на Сека кој направи бебе за дадилка, а таа игра семејна идила“.
Сека Алексиќ ја изрази својата шокираност и разочараност од сите оние кои можеа да измислат такво нешто.
„Семејството е свето, срам да му е на секој што ќе го допре мојот брак и мојот сопруг. Нека се плашат од Бога оние што измислуваат вакви приказни“, вели Сека Алексиќ за „Блиц“.
За потсетување, Сека Алексиќ и Вељко се во брак од 2010 година. Тие двајца за својата брачна идила ја избрале Стара Пазова, каде го изградиле својот дом и заедно уживаат во семејниот живот.
Фото:Инстаграм