Секцијата на жени при ССМ бара да се расчисти случајот со нападнатата полицајка

Добивај вести на Viber

Секцијата на жени при Сојузот на синдикати на Македонија бара да се расчисти случајот со полицајката која беше нападната од висок функционер на ДУИ. 

Претседателката на Секцијата на жени при ССМ, Елизабета Гелевска денеска изјави дека ова треба да се направи за да се зачува достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја работата. 

„Впрочем и Полицискиот синдикат кој  е членка во ССМ издаде своја наредба да се испита случајот со цел да се зачувуа достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја вршела својата работа“ - изјави Гелевска пред почетокот на Конференцијата за поддршка на кампањата  „Спречување на насилство врз жените и мажите во светот на трудот“.

Полициската службеничка беше нападната од функционер на ДУИ кој не дозволил „пајак“ да му го однесе џипот, денеска кај ТЦ „Мавровка“. 

Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот.