Секое девојче деновиве ја бара оваа кукла, а кога ќе ја распакуваат родителите останат во шок: А да видите што се случува кога ќе се покисне во вода... (ВИДЕО)

„Погледнете ги овие слатки, мали барбики и погледнете ги овие кукли што се во мода сега“.

Еден татко започна вистинска лавина коментари кога откри што е моментално во мода во врска со куклите во светот на девојчињата и одлучи да го изрази своето незадоволство на социјалните мрежи.

Патрик Џонсон се осврна на популарните кукли LOL, препознатливи по нивните провокативни комбинации и впечатлива шминка и фризури.

- Погледнете ја оваа кукла на Дизни принцезата Тијана, или куклата „Frozen“, вистинска симпатична мала Барбика. Споредете го тоа со овие нови кукли. Луѓе, не знам што правиме. Ќерка ми бараше кукли LOL, и секако дека и ги купив, но не знаев што всушност се LOL куклите - вели тој. 

- Се ужаснувам. Погледнете ги куклите што им ги подаруваме на децата. Погледнете го нејзиното тело, погледнете ја нејзината облека - вели тој, додавајќи дека на почетокот мислел дека можеби само една кукла е проблематична. Сепак, на негово изненадување, целата кутија кукли што ја купил беше слично облечена.


- Зошто не можеме да се вратиме на кукли како принцезата Тијана? Зошто мора да бидат вакви? Што се случува овде? Луѓе, мора да внимаваме што им даваме на децата - апелира тој, а видеото предизвика жестоки реакции.

„Сега ми е јасно зошто татко ми ги мразеше куклите Братц што ги барав“, коментира една млада мајка.

- Да, ако мислевте дека куклите Братц се премногу, ова е сто пати полошо! И само почекајте да видите што прават тие кукли кога ќе ги покиснете во вода - пишуваат ужаснати родителите.

View this post on Instagram

A post shared by L.O.L. Surprise! (@lolsurprise)