Секое утро ѝ почнува со вода со лимон: Вака се храни Меган Маркл

Добивај вести на Viber

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, е љубител на спортот. Обожува јога, а покрај физичките активности, поранешната американска актерка води грижа и за исхраната.

Покрај добриот стил и манирите, таа е позната и по витката линија, за која вели дека ја одржува со вежбање.Во едно интервју за „Delish“ таа го откри своето мени, кое се труди да го испочитува.

- Веднаш по будењето конзумирам вода со лимон, а потоа следи каша со банани. За ручек вообичаено јадам протеинска храна, јаболки и бадеми. За ужинка - зелен чај или зелен сок за детоксикација.  Вечерата ми се состои од тестенини со тиквички, пармезан или чаша вино - изјави Маркл за „Delish“.

Меган Маркл ги советува домаќинките: Гответе со моите трикови