„Секогаш врнело за наш роденден“: Ќе се изненадите колку години полнат Мартин и Стефан од Некст Тајм

Познатите близнаци кои го сочинуваат познатото дуо Некст Тајм, денес го слават 38-от роденден. Тие точно на полноќ објавија фотографија со својата мајка и заедничката торта.

Мартин и Стефан потенцираа дека речиси секогаш на нивниот роденден врне, па токму така беше и ова утро.


Покрај честитките од блиските пријатели, колеги и роднини, илјадници пораки добија и од нивните фанови.

„Среќен роденден златни деца, гордост Македонска“, „СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СИНОВИ МАКЕДОНСКИ, ИМАЈТЕ МНОГУ ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА, ЉУБОВ И БЛАГОСОСТОЈБА“, „Блазе мајка што ве родила!!! Среќни да сте секогаш!!!“, беа дамо дел од желбите на следбениците.

Среќен роденден!