Секој би ѝ завидел: Биковиќ ја почести девојката со одмор од 18.000 евра (ФОТО)
Милош Биковиќ ја почести својата девојка Ивана Малиќ со луксузен одмор од 18.000 евра!
Имено најпопуларниот српски актер и неговата партнерка- правничка отпатуваа на Малдивите каде ќе поминат десет дена.
Биковиќ не штеди пари за одморот, па се одлучи за еден од најскапите комплекси каде заедно со атрактивната Црногорка ќе можат да уживаат далеку од очите на јавноста.
Луксуз
Тие го избраа еден од најлуксузните хотели лоциран токму на плажа, веднаш до Индискиот Океан.
- Тие го избраа еден од најлуксузните хотели на островот, „San siam iru veli“, со пет ѕвезди, кој се наоѓа веднаш на плажата, веднаш до Индискиот Океан. Сместени се во куќичка во која имаат мир и приватност, што е важно за Милош. За десетте ноќи колку што ќе бидат Милош и Ивана, актерот плати 11.700 евра, а за два повратни билети издвои уште 2.500 евра - вели изворот за „Информер“ и додава дека Биковиќ ќе има дополнителни трошоци.
Милош и Иван се во врска 2 години
- Планираат да одат на патувања надвор од островот, па ќе потрошат уште најмалку 3.000 евра.
По одморот на швајцарските Алпи, каде што беа на почетокот на јануари, Милош и Ивана решија зимава да заминат во потоплите краишта.
- Минатата година ги посетија Бали и Малдивите, кои многу им се допаднаа, па решија повторно да одат таму, но овој пат го сменија хотелот. Милош и Ивана најчесто го поминуваат одморот пиејќи коктели на плажа, нуркајќи, сончајќи се... Имаат и сопствен базен и градина во рамките на викендицата, од каде уживаат во фантастичен поглед на океанот - вели изворот, додавајќи дека Биковиќ морал да замине сега на одмор бидејќи од крајот на февруари има многу деловни обврски.
Биковиќ заработува 5.000 евра на ден
Милош Биковиќ е еден од најплатените српски актери на денешницата, па во Русија заработува и до 5.000 евра дневно на снимање! Популарниот актер толку многу заработи додека ја снимаше комедијата „Слугата“, која, инаку, е најгледаниот филм во историјата на руската кинематографија.
- Прво го очекува премиерата на втората сезона од серијата „Јужен ветер“, а потоа и многу гостувања. Во Русија се очекуваат премиерите на неговите два филма, комедијата „Слуга 2“ и научно-фантастичниот трилер „Предизвик“. Затоа реши максимално да ги искористи своите слободни денови.
Извор: informer.rs