Секоја чест: Анонимен донор донираше 500 евра за лекување на Билјана Лазова

Добивај вести на Viber

Хуманитарната организација „Свети Спас“ е една од најпознатите вакви организации кај нас. Секогаш кога можат им помагаат на оние на кои им е најпотребно и на оние кои се во неволја. 

Еден таков пример е и одзивот на апелот што го упатија од организацијата за помош на мама Билјана. Анонимен донор за Билјана Лазова, која ја води најголемата животна борба лично донирал 500 евра, пари кои се потребни за нејзиното лекување. 

„Драги браќа и сестри,
Анонимен поддржувач на нашата мисија го послуша апелот што го упативме и во име на Хуманитарната организација “Свети Спас” на нашата сестра, Билјана Лазова, која ја води најголемата животна битка, лично ѝ донираше 500 евра за лекување. Благословени сме што постојат луѓе кои ја разбираат важноста на споделувањето и помагањето на оние во потреба. Заедно, водени од Бог, создаваме разлика во светот и ја менуваме животната приказна на Билјана и сите останати што се соочуваат со слични борби. Скромноста и големината да се остане анонимен додека се подава рака за помош е голем христијански чин, инспириран од Божјата благодат и љубов. Од се’ срце му благодариме на овој хуман и голем човек! Брате, Бог кој сѐ гледа и знае, да ве благослови и награди за вашето човекољубие со радост, здравје и успех!
Доколку има и други кои можат и сакаат да помогнат, приклучете се на нашиот повик. Кликнете на линкот и донирајте за Билјана, за да им помогнеме на неа и на нејзините деца да се обединат здрави и среќни. Вашата дарежливост со донaција за лекување на оваа наша сестра, која се соочува со немилосрдна болест, се вистинска потврда дека љубовта и добрината се најголемата вредност што еден човек може да ја поседува.

Бог да ве благослови!!!“, стои во објавата на Фејсбук на официјалната страна на Хуманитарната организација „Свети Спас“.

Секоја чест голем човеку!


Фото: Официјален профил - Хуманитарна организација „Свети Спас“