Секоја чест: Илина Арсова доби престижна стипендија за докторски студии во САД - одлуката да замине, не била лесна (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Откако пред два месеци Џамбазов за роденденот на Илина ѝ купи куфер и откри дека таа заминала со истиот, тој не крие дека пати по Илина, па во некогов стил сподели како се чувствува кога таа е далеку од него, велејќи дека боледува од Илинопатија. 

Сега, македонската уметница, скијачка и планинарка Илина Арсова (40) конечно откри која е причината за нејзиното заминување.

Имено, Арсова моментално е во Тенеси, САД, каде освојува нови височини, но овој пат не се работи за планини и врвови, туку, Илина добила престижна стипендија за докторски студии на Универзитетот од Тенеси, каде што паралелно работи и како професорка.
Таа вели дека одлуката да замине таму на подолг период, не била лесна, бидејќи ѝ недостасуваат фамилијата и нејзината љубов, Игор Џамбазов, на кој му се заблагодари јавно за безрезервната поддршка.

- За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.
Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни.
Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите - вели Илина во видеото.

View this post on Instagram

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)