Секоја чест! Таа старее достоинствено: Турунџиева е мудра дама, а вака изгледаше пред 20 години
Заносната убавица - водителката Сузана Турунџиева во 1998 година беше популарна пејачка и имаше сосема поинаков имиџ од денес.
Бујната, кадрава коса, долго време беше нејзиниот препознатлив печат.
Без разлика дали станува збор за кожени панталони со краток топ или високи чизми и припиен фустан кој го открива трудничкото стомаче, Сузана отсекогаш привлекувала внимание со нејзиниот изглед и сетило за мода.
Но нејзините појавувања на Макфест дефинитивно се едни од најзборуваните и најексцентрични изданија во тој период.
- Најбитната работа која треба да си ја дадеш себеси е ДОЗВОЛА!
Дозвола да мислиш со своја глава, да ги правиш нештата на свој начин, да одлучуваш согласно твојата интуиција и разум, да дишеш, да се смееш гласно, да викаш, да пееш, да танцуваш, да молчиш, да се спротивставиш, да скокаш, да се исплачеш, да бидеш чудна, да бидеш своја, да бидеш среќна, да го работиш она што го сакаш... Дозвола за СЕ она што сакаш да бидеш... Ти!
Фото. Фб