Секоја жена може да „прави“ бурен секс, но не и баница

Сега, кога успеавме да ви го доловиме вниманието со „секс“ во насловот, време е да разговараме за поважното прашање - тестото за баница. Затоа што овој деликатес ќе исчезне од трпезата заради нашето масовно незнаење на тема како ние како жени не знаеме да направиме пита или баница од која прстите да си ги излижиме.

Ќе не извините што ја споредивме интимната врска меѓу две лица и баница во насловот, но тоа го покажува нашиот денешен менталитет, наместо да го пренесување рецептот низ генерациите за едно од омилените македонски јадења, ние секогаш немаме време за тоа или секогаш има да си купиме готово. Но, ништо не е подобро од домашно подготвна баница!

Денес, сите се разбираат од сè, а многу жени веруваат дека правењето на добро селфи е единствениот клуч за успех. Лајковите станаа валута, социјалниот статус може да се изнајмува, а вештините на домаќинката во кујната се сметаат за целосна досадна застареност.

Но, ако тие се толку застарени, зошто сите ние продолжуваме убаво да се сеќаваме на вкусовите, храната и искуствата од нашето детство? Зошто децата од 80-ти и 90-тите се се‘ повеќе депресивни, под стрес и сонуваат да се вратат кон своите корени? Зошто воздивнуваме со задоволство од аромата на торта која е направена од баба ни или од нашата мајка? Зошто секогаш нарачуваме баница направена од уморните раце на нашата баба, кога се враќаме од долго патување? Зошто на празниците околу масата продолжуваме да ја собираме истата „едноставна-досадна“ храна, и зошто редовно на ручек одиме во кафана или на суши?

Затоа што, драги мои, секој може да нарача суши, да купи нешто ново од трговскиот центар и да направи ново селфи, но не секој може да направи едноставна баница. Тоа е факт! Бидејќи баницата на баба ми бара срце и раце. Да ја научите сложеноста, да имате желба да направите нешто за некој друг освен за себе, да имате желба, како што велат тие.

Ако сакате да научите, а сè уште не сте, јавете се кај баба ви или друга роднина за да ве научи на оваа вредна животна лекција.

Во меѓувреме, погледнете на интернет, истражете кои се поедноставните или полесни рецепти и пробајте да ги направите деновиве.

Извор: edna.bg

Фото: Istock

Сексот по 40-тата повеќе не е ист: Овие 5 промени се неизбежни!