Сексолог открива: Една токсична особина што ја имаат многу жени ја уништува врската - Ја имате ли и вие?

Надја Бокди, експерт за интимни односи тврди дека многу жени ја имаат истата особина, лоша карактеристика поради која многу врски завршуваат, пишува „The Sun“.

„Многу пати се шокирав како некои мажи живеат. Поминуваат низ животот така што не умеат да водат да грижа за својата хигиена и не знаат што да прават дома, а за таквата состојба воглавно се виновни жените“ - кажа таа.

Според неа не треба да ги одвраќаме мажите од домашните обврски, колку и да се снаоѓаат лошо, бидејќи никогаш нема да научат како треба да го завршат нештото.

Истражувањата покажуваат дека мажите на завршувањето на домашните обврски оделуваат една третина од времето, во однос на жените.

„Сите мажи знаат како да чистат. Не е вистина дека жените се подобри во тоа. Тој не е ваш син, може да си ја испере својата облека. Исто така, да се разбереме, ниту една жена не сака да има интимни односи со маж кој повеќе се чувствува како нејзино дете, отколку како партнер“.

„Значи, да престанеме да ги фалиме мажите кои даваат минимум. И момци, доколку го читате ова, ве молам, одете и променете ја облеката“ - заклучи таа.