Селаните од Колари и тоа како ги паметат како двојка: Дали знаевте дека тој е првиот сопруг на Сузана Јовановиќ? (фото)
Поранешниот
сопруг на Сузана Јовановиќ денеска се споменува само како татко на нејзиниот
син Данијел.
Пејачката Сузана Јовановиќ се омажила кога имала само 18 години, но се развела по само три месеци брак. Мештаните на малото село во близина на Смедерево, се сеќаваат на бракот на Сузана, кој заврши неславно.
По разводот, пејачката се соочила со многу проблеми, бидејќи Раде сакал да и го земе синот Даниел. Сузана успеа преку судот да забрани Данијел да го носи презимето на татко му.
Инаку тие се запознале во кафеана, на настап. Но, се случило брзо. Пред да ја запознае Сузана, Раде имал прекрасна девојка, убава, добра, од убаво семејство. Но, малер, се случило да се скараат, а токму тогаш пејачката започнала врска со него.
Не поминале ни 15 дена, а веќе стапиле во брак.
-Додека не дојде
да живее кај нас, таа беше прекрасна тие петнаесет дена. И тогаш... Имаше се и
сешто! Таа беше многу љубоморна. Никогаш не се степаа во наше присуство, но
лошите односи не можеа да се сокријат. Тие често спиеле во посебни соби. Кога беше
расположена, зборуваше со нас, кога не беше, поминуваше како да не постоиме.
Таа никогаш не дојде во другиот дел од домаќинството, куќата во која живееме
јас и сопругата. За да направам свадба, продадов трактор, а подоцна не видов
ниту еден динар од таа свадба - рекол Жиле Здравковиќ, поранешен свекор на
Сузана Јовановиќ, во 2005 година, пишуваат српските портали.
Сузана Јовановиќ не сака да зборува за првиот брак.
‒ Само чекав сето ова да излезе во весник. Здравковиќ се такви луѓе. Не е точно дека не дозволувам детето да оди таму. Сам не сака. Татко му целосно заборавил дека го има тоа дете. Тој ја изгубил грижата и интересот за Даниел штом се ожени.
Јас го почитувам тоа, тоа е негова одлука, ја почитувам неговата сопруга и семејството, но нема да го терам детето да прави нешто што не сака. Самиот Даниел решил да ги прекине сите контакти со својот татко и со сите од страната на неговиот татко.
За 17 години не му купи ниту една тренерка, патики, пижами, училишна чанта... Никој од нив не знае кога детето ми беше болно, тажно, кога имаше сипаници...
Јас сум чиста пред Бога, изјавила Сузана која среќата ја нашла покрај Саша Поповиќ, кој ја прифатил и го сакал Данијел како свое дете.
Фото: Инстаграм