Семејна стилска хармонија: Шпанското кралско семејство шармира со беспрекорен летен стил (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:PROFIMEDIA

Шпанското кралско семејство моментално престојува на Мајорка, а летната релаксација е придружена со беспрекорен летен стил!

Кралот Фелипе Шести и неговото семејство овие денови уживаат во шармот на Мајорка, и за нив, како што обично се случува со членовите на кралските семејства, нема одмор.

Шпанскиот крал, со сопругата Летиција и ќерките Леонор и Софија, го посети Толковниот центар на националниот парк Сера де Трамунтана на истоимената планина и манастирот Лук, и нивниот стил повторно го привлече најголемото медиумско внимание.

Кралот Фелипе и принцезите изгледаа одлично во нивните летни комбинации, усогласени со стилот на Летиција, која повторно го остави најсилниот впечаток. 

Кралицата изгледаше маѓепсувачки во летен миди фустан од светло сина боја од Адолф Домингез. Станува збор за преклопен модел со ракави во форма на ѕвонче, а целиот изглед зрачи со романтика и женственост. Шпанската кралица го комбинираше прекрасниот фустан со еспадрили (патем, нејзините несомнено омилени летни обувки) потпишани од брендот Сабалер, а најефективниот дел од оваа облека е бела платнена чанта украсена со сини етно мотиви од модната куќа Bolsas FQ.

Како и обично, Летиција од Шпанија се одлучи за природен изглед, со малку маскара, а тука се и нејзините препознатливи обетки од куќата за накит Gold & Roses и златниот прстен од Карен Холам.

Интересно е што принцезите Леонор и Софија носеа идентични еспадрили Макарена, модел со врвци сличен на оној што често го гледавме на нивната мајка минатото лето.

фото:PROFIMEDIA

извор:GLOSSY