Семејно во Маврово: Тамара со сестра си Тијана, мајка им Брана и Хана и Дарен уживаат на планина

Поп дивата Тамара Тодевска летово имаше неколку настапи низ земјава, но и беше на одмор на море со двете деца, Хана и Дарен. А овој пат на Инстаграм пејачката сподели неколку фотографии од семејните моменти и забавите кои си ги приредуваат заедно со сестра ѝ Тијана Дапчевиќ, мајка им Брана и нејзините две деца Хана и Дарен. 

Хана на една од фотките седи покрај трска, можеби пробала да лови риба, Дарен пак насмеан од уво до уво се радува на победата на друштвената игра „Не лути се човече“, додека двете сестри Тамара и Тијана се релаксираат во убавините на планината и дружбата со најблиските.


Фото: Инстаграм - Тамара Тодевска/Тијана Дапчевиќ

Кога жена прави промени, започнува од косата: Тамара Тодевска комплетно го промени имиџот, еве зошто (ФОТО)